Неслихан Атаѓул за прв пат во јавноста, по напуштањето на серијата ,,Ќерката на амбасадорот''
- INFO TS
- Feb 7, 2021
- 1 min read
Неслихан Атаѓул за прв пат се појави во јавноста од кога ја напушти серијата ,,Ќерката на амбасадорот''. Таа за потсетување го оживеа ликот на Наре, но поради проблеми со цревата беше принудена да ја напушти серијата. Таа дури се онесвестувала и на некои од снимањата.

Таа беше забележана од папараците шетајќи се со својот сопруг Кадир Доулу во населбата Етилер во Истанбул. Таа ги поздрави новинарите и се пошегува со нив. На фотографиите изгледаше ослабено. Таа изјави дека ослабела 5 килограми од својата тежина, откако и бил дијагностициран синдром на цревото. Исто така, кажа дека дури и да направи два чекори веќе била многу уморна и баш поради таа причина ја напуштила серијата.

Кога Неслихан ја напушти екипата на серијата, како нова улога во тимот се вклучи познатата турска актерка Туба Бујукустун. Новинарите кога ја прашаа што сака да изјави за тоа, Неслихан само ги поздрави новинарите и се качи во автомобилот со помош на нејзиниот сопруг и тоа прашање остана неодговорено.

Comments