Џан Јаман не е многу популарен во Турција,туку во другите земји
- INFO TS
- Feb 25, 2021
- 1 min read
Актерот Џан Јаман кој што важи за еден од најубавите мажи на светот се наведува дека е многу повеќе популарен во другите земји, отколку во Турција.

Имено, фановите на Џан кои што живеат во Турција биле малку навредени од тоа што Џан решил да се појави во проект во друга држава и затоа не го поддржувале многу, а секако фановите од другите земји како што сме Македонија,Италија,Грција, го поддржуваа за појавувањето во италијански проект на кој што работи во моментов.
Велат дека кога Џан може да се забележи по улиците на Истанбул, околу него нема голем број на фанови, што не е и случај во другите земји кои што ги посетува и оди да снима проекти. Најчесто во Истанбул со него се фотографираат туристите кои што го познаваат и токму во тоа време имаат можност да го запознаат.
Инаку да потсетиме дека Џан Јаман е познат по неговите улоги во турските серии ,,Bay yanlış'', ,,Dolunay'', ,,Erkenci Kuş'' и други. Тој сега е во врска со италијанската спортска новинарка, Дилета Леота.

Comments